Пендаровски: Време е за одлука, да изградиме држава по европски стандарди
Време е за одлука, да изградиме држава по европски стандарди, порача националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски за време на вчерашните средби со граѓаните од општина Аеродром.
На средбите со пензионерите од општина Аеродром се разговараше за процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, како и за придобивките од членството во двата најмоќни сојузи во светот.
- Поддршката за интеграција на земјава во НАТО И ЕУ ја имаме и од Европа и од светот, за тоа сведочат и посетите на земјава од голем број европски и светски лидери. Но, ние треба да ја донесеме одлуката каква иднина сакаме за нас и за нашите деца. Не можеме да чекаме уште 27 години. Сега е време е за одлука. Време е да изградиме држава по европски правила, рече Пендаровски.
На средбата со младите и спортските работници од оваа општина, Пендаровски зборуваше за можностите што се отвораат со процесот на интеграција во ЕУ, особено пристапот до нови европски фондови преку кои се развива и унапредува спортот, но и ќе се креираат квалитетни младински политики.
- Европа ја носиме во Македонија, тоа значи европски стандарди, нови фондови за реформи во повеќе сектори, а како што ќе течат преговорите со ЕУ така ќе расте поддршката која што ќе ја добиваме. Затоа секој граѓанин треба да излезе, да гласа и со тоа да одлучува за иднината на Македонија. Затоа што само со излегување и со гласање може да се влијае врз одлуката! Нивниот глас ќе се слуша. На 30 септември да излеземе и го дадеме својот глас ЗА европска Македонија, порача Пендаровски.
На средбите со Пендаровски беше и пратеникот на СДСМ и дел од коалицијата „Заедно за европска Македонија“, Диме Велковски.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите