Македонија
4. July 2021 - 13:58

Пендаровски: Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер

Претседателот Пендаровски денеска преку својот Фејсбук профил испрати честитки по повод денот на независноста на САД.

Тој воедно ја искористи приликата да порача дека РМ во САД гледа, пријател, сојузник и стратешки партнер.

-Со желби за благосостојба и просперитет, на претседателот Џо Бајден и на пријателскиот американски народ им го честитам 4-јули – Денот на независноста. Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија, напиша претседателот.