Пендаровски: Во очи влезот на НАТО може да очекуваме политичка пропаганда и „фејк њуз“
Претседателот Стево Пендаровски смета дека во очи на влезот на НАТО, можеме да бидеме предмет на кампањата на политичка пропаганда, или на „фејк њуз“.
– Дали во очи на влез на НАТО, наредниве неколку месеци можеме да бидеме предмет на кампањата на политичка пропаганда, на „фејк њуз“ и така натаму, мислам дека можеме да бидеме, како што бевме на пример на врвот со политичката кампања минатата година во септември за време на референдумот. Но, не очекувам дека ќе го достигнеме тоа ниво од септември 2018, истакна Пендаровски во денешната емисија „Детектор“ на Сител телевизија.
Според него, неспорно е дека НАТО е пред се безбедносна организација во која армиите се во сојуз.
-НАТО е перцепиран како гарант за безбедноста, зошто луѓето си велат да, сега ќе бидеме внатре и нема да не нападнат. Од првите земји кои се влезени до денес нема земји-членки кои немаат зголемување на странски инвестиции, инвеститорите гледаат дека ако си внатре имаш предвидлива иднина, нагласи Пендаровски.
Според него, Црна Гора имала причина што предвремено го ратификувала Протоколот и додава дека кај нас тоа може да го направи и новиот парламентарен состав.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина