Македонија
16. April 2019 - 8:32

Пендаровски во Гостивар, Силјановска во Аеродром и Гази Баба

Кандидатите за претседател на државата и денеска во рамки на кампањата ќе ги претстават своите изборни програми на средби со граѓани и митинзи.

На 16-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во скопските општини Аеродром и Гази Баба. Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Гостивар. Пендаровски претходно ќе има и средби со граѓаните на Врапчиште, Маврово Ростуша, Центар Жупа, Дебар и на Кичево.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април на полноќ по што ќе следи 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.

Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА првиот митинг го одржа во Скопје, Силјановска-Давкова ја почна кампањата од Охрид, а Пендаровски од Прилеп