Македонија
6. February 2023 - 16:34

Пендаровски: Влез им беше забранет само на провокаторите

Македонско бугарските односи се влошуваат, констатира претседателот Пендаровски по последните настани од 4 февруари. Тоа го докажуваат бугарските провокации на чествувањето на Гоце Делчев, но Македонија го положи европскиот испит, смета шефот на државата. 

Секоја европска држава би реагирала на ист начин кога   странски државјани би ги нападнала нејзините полицајци на граничен премин, ја коментираше Пендаровски ситуацијата на Деве Баир пред два дена. 

Оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата, се разбира, заработија прекршочни пријави и депортација од нашата земја. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин. Нека ни се јави еден граѓанин на Република Бугарија на кој му било одбиено да влезе во Република Северна Македонија да оддаде почит на гробот на Гоце Делчев, се разбира освен оние кои правеа проблеми за што има и видео снимки, рече шефот на државата.

На Бугарите во Македонија кои своите права ги бараа од еврокомесаорт Вархеји им порача дека го избрале погрешниот пат, бидејки веќе им е посочено дека македонските врати и институции им се отворени за се што им треба. 

Делкарацијата  што ја усвои бугарскиот Парламент пред четири дена ја оцени како изборен маркетинг. За унгарија македонско - бугарскиот спор е проблем кој брзо треба да се надмине бидејки тоа е важно за стабилноста на регионот. 

Унгарската претседателка Новак нуди и помош. Вели дека е запознаена со ситуацијата и ставовите на двете страни со  оглед што пред неколку дена беше и во посета на Софија, каде се сретнала со колегата Радев.

Ние ќе се обидеме доколку имаме каква било можност да придонесуваме на тоа, овие меѓусебни несогласувања што побрзо да се расчистат, рече Новак на новинарско прашање дали со Радев разговарале за односите на Софија и Скопје. 

Унгарија беше една од најголемите поддржувачи на Македонија за атлантските, а сега и и за евроинтеграциите.