Македонија
27. April 2021 - 16:53

Пендаровски - Вархеј: Решение со Бугарија па преговори

Проблемите со Бугарија  и нивното надминување во фокусот на посетата на Пендаровски на Брисел. По средбата со со шефот на државата, Еврокомесарот Вархеји  на твитер напиша

Поддршка за старт на преговорите и потреба Европскиот совет да ја усвои преговарачката рамка за земјава. Важно е Скопје и Софија да најдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања.

Пендаровски истакнал дека Македонија е подготвена за преговори. А биле разгледувани и можностите  земјава да направи исчекор  во евроинтеграциите на  претстојните состаноци  во Европската Унија што во мај и јуни годинава.

Разговарале и за враќање на животот во нормала во Македонија и регионот , врзано со корона кризата. Пендаровски потенцирал дека  ЕУ со економскиот инвестициски план, но и вакцините  наменети за Западен Балкан ќе помогне за регионално закрепнување.

Пендаровски во Брисел се сретнал и со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Борел, престедателот на ЕС Мишел и првиот човек на ЕП Сасоли.

Претседателот имал состанок и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Утре Пендаровски ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.