Македонија
7. March 2019 - 16:18

Пендаровски тврди дека е следен од тајни служби-МВР без официјална потврда

Ако Пендаровски смета дека го следат тајни служби блиски до опозицијата тогаш тоа е точно, тврди генералниот секретар на СДСМ кој денеска објави дека нивниот кандидат успеал за неколку часа да собере повеќе од 20.000 потписи

Од МВР се уште нема одговор на прашањето на Сител, дали во врска со индициите на Пендаровски е отворен случај и дали полицијата има контрола врз тоа кој и кого следи, снима и прислушува во земјава.

За опозицијата обвинувањата на Пендаровски се дел од внатрепартискиот фолклор во СДСМ и само уште една рунда во борбата на Пендаровски со како што велат, неговиот внатрешен против кандидат Оливер Спасовски

Пендаровски вчера во ТВ интервју рече дека 24 часа е под физичко следење од страна на една тајна разузнавачка служба која е блиска до опозицијата, објаснувајќи дека оттаму доаѓаат фотографиите на социјалните мрежи каде тој може да се забележи во темно син автомобил.