Пендаровски: Свети Сава нека биде поттик да истраеме
Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија, посакувајќи им празникот да го поминат во добро здравје, исполнет со радост и со среќа.
-Духовната и просветителско-образовна дејност на свети Сава е еден од најзначајните темели на српската национална и културна самобитност. Неговото дело е неизоставен дел од традициите, обичаите и културно наследство на припадниците на српската заедница во Република Македонија која активно придонесува за политичкиот, општествениот и културниот живот. Се радувам и на придонесот што нашите граѓани од српска националност го имаат во продлабочувањето на односите со соседна и пријателска Република Србија, пишува во честитката претседателот Пендаровски.
Скоро цела година, како што вели Пендаровски, живееме борејќи се со пандемијата со Ковид-19, која ги загрозува нашето здравје и благосостојба, но и го менува нашето секојдневие.
-За жал, како и за останатите празници и светосавското празнување ќе биде во изменети околности. Да продолжиме со почитување на мерките и со дисциплинираното однесување за да го заштитиме своето, здравјето на најблиските, како и здравјето на целата заедница. Празникот на свети Сава нека биде поттик да истраеме и да останеме солидарни и одговорни, сложно и сплотено работејќи за развојот и за напредокот на нашата заедничка татковина, пишува Пендаровски во честитката по повод Денот на Свети Сава.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење