-->
-->
Пендаровски: Со моето семејство ја исполнивме граѓанската должност
-->
Претседателот Стево Пендаровски денеска објави на Фејсбук дека заедно со неговото семејство ја исполниле граѓанската должност за пописот и оти податоците од оваа статистичка операција се неопходни за креирање политики.
– Денеска со моето семејство ја исполнивме нашата граѓанска должност. Внесот на податоците потребни за #Попис2021 не одзема повеќе од 15-тина минути. Со попишувачите поразговаравме и за досегашниот тек на процесот, за одѕивот и за реакциите на граѓаните, напиша Пендаровски.
Претседателот додаде дека податоците од оваа статистичка операција се неопходни од секој аспект и оти ќе ни дадат насока за планирање на идните политики и стратегии.
Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење