Македонија
30. March 2021 - 16:59

Пендаровски: Сликите од Србија се срам за нашата држава

Денеска се одржа 12-тата седница на Советот за безбедост на која се обрати претседателот на државата, Стево Педаровски. Тој посочи дека сликите кои се појавија од македонски граѓани кои заминаа на вакцинација во Србија се срам за нашата држава.

-Сликите од Србија не смеат да се повторат. Тоа беше срам за државата наша. Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита овде дома, рече Пендаровски.