Македонија
31. March 2020 - 18:34

Пендаровски: Ситуацијата останува сложена, идниот развој на настаните ќе зависи од траењето на пандемијата

Ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, изјави претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на Република Македонија посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата на коронавирусот.

Консензулаен заклучок е, нагласи Пендаровски и дека треба да им се одаде признание на сите служби кои деноноќно работат на спречување на ширењето и справувањето со епидемијата. Потребниот здравстевн кадар, силите на полицијата и на Армијата се мобилизирани. Постои дневна координација и на централно и на локало ниво и сите расположиви ресурси и напори во овој момент се насочени кон справување со кризата.

Тој појасни дека на седницата на Советот биле разгледувани различни аспекти и консеквценци од епидемијата. За здравствените аспекти информирал министерот за здравство, за безбедносните претставникот од МВР и директорите на безбедносните служби. Мнистерката за одбрана и началникот на Генералштабот реферирале за ангажманот на Армијата  во поддршка на полицијата, министертот за надворешни информирал за враќањето на нашие државјани затекнати во странство, а гувернерката на НБ за примена на Уредбата за олеснување на финансискиот товар на фирмите и граѓаните при плаќање на кредитите, за финансиската стабилност на банкикте за девизниот курс и за состојбата сои девизните резерви. Претствници на економско- финанскиот тим на Владата и на премиерот реферирале за состојбата со буџетот, сценаријата со различни проекции за следните квартали, како и за последниот екононски сет на мерки со кои се поддржува македонската економија.

– Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, стриктно спорведување на препораките на СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на граѓаните, рече Пендаровски.

Тој нагласи дека со спроведувањето на мерките за ограничено движење и затворањето на границите директно страда економијата.

– Сведоци сме дека и најразвиените земји се соочуваат со крупен предизвик во овој сегмент. Во оваа смисла ни претстои тежок период во кој ќе бидат потребни серија на мерки и одговорни одлуки со цел да се намалат колку што може штетите по националната економија. За таа цел потребна е мобилизација на сите економски капацитети во државата и прибегнување кон најрадикалните мерки само во крајна нужда и со определен временски рок, кажа шефот на државата.

Тој најави дека Советот за безбедност ќе продолжи да ја следи состојбата и работата на сите институции ангажирани во овој период, а до истекот на вонредната состојба ќе свика најмалку уште една седница на Советот за пред нејзиното евентуално продолжување да биде презентирана целокупната ситуација со сите витални параметри неопходни за носење на одлука.

– Тешките денови се уште не се зад нас. Но, апелирам до сите да бидеме смирени, да бидеме рационални, да бидеме одговорни кон нашето здравје и нашите животи и солидарни еден кон друг. Почитувајте ги  препораките, останете дома. Излегувајте само кога е неопходно. Немам никакви дилеми дека со заеднички напори сигурно ќе ја победиме епидемијата, порача претседателот Пендаровски.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска,  заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и координација за странска помош, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши. Поради здравствени проблеми на состанокот не присуствувал министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на негово место присуствувал дополниот заменик министер за внатрешни работи.

Претседателот Пендаровски на 18 март, на предлог на Владата прогласи 30-дневна вонредна состојба во државата заради поефикасно справување со коронавирусот, а во тој период Владата  треба да поднесува извештаи за ефектите од донесените мерки за заштита против корона вирусот, преземените активности и планови за постапување во иднина.