Пендаровски се преселил во вилата на Водно за обезбедување да не пречи на соседите
Стево Пендаровски, новиот претседател на Македонија, во разговор во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат рече дека се преселил во претседателската резиденција на Водно затоа што не сакал неговото обезбедување да им пречи на соседите.
- Во мојата зграда има уште 19 стана во влезот и плус дополнителни два влеза. Според безбедносните правила, тоа ќе значи и промена на режимот на слободно движење на соседите. Затоа не сакав да им биде некомотно - рече Пендаровски, кој инаку е со адреса на живеење во скопска Автокоманда пред да се пресели со своето семејство во Вила Водно.
Додаде дека фамозното „југо“ кое е пријавено во неговиот имотен лист е целосно надвор од функција.
Додаде дека кога ќе поминува со својата делегација ќе бара што помалку безбедносни протоколи за да не го попречува сообраќајот и да создава поголем метеж.
Рече дека негов приоритет ќе биде и да остварува поблиска комуникација со опозицијата.
- Моја задача ќе биде да ја кренам опозицијата, да ја заштитам и да ја консултирам - изјави тој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација