Македонија
8. јуни 2019 - 16:05

Пендаровски поддржа промена на изборниот модел - партиите отворени за разговори

И власта и опозицијата се отворени за разговори за промена на изборниот модел по иницијативата која неколку помали политички партии ја доставиле кај Претседателот Пендаровски. Тие од него бараат да се намали бројот на изборни единици за и тие да можат да освојат некое пратеничко место.
Во писмено соопштение од Вила Водно апелираат до големите партии да почнат разговори за да се обезбеди консензус за измена на изборниот законик и прифаќање на барањата на малите политички партии.

„Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати.“ – се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски и се апелира при промените да не се воведува изборен праг или пак тој да биде многу низок.

Кај политичките партии постои расположение да разговара на оваа тема. Власта вели дека вакви измени имала предвидено и во својата предизборна програма

Во ДУИ велат дека им е сеедно каков ќе биде изборниот модел

И во ВМРО-ДПМНЕ постои подготвеност за разговори. Велат дека конечен партиски став ќе изградат тогаш кога оваа иницијатива ќе се најде во Собранието

Прашањето за промена на изборниот модел се отвора пред скоро секој парламентарен изборен процес. При секој обид за промени на изборниот модел, големите партии се отворени за разговори, но изборните листи и натаму остануваат затворени.