Пендаровски: Од ЕУ очекувам неодложно да одредат датум за преговори
Како претседател на Северна Македонија, од Европската унија очекувам лидерство и решителност, очекувам неодложно да го одредат датумот за да ги започнеме преговорите за членство. Тое е добитна комбинација за сите засегнати страни, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје.
ЕУ, посочи Пендаровски, треба да остане доследна на високите очекувања што ги создаде кај граѓаните.
– Доколку на Северна Македонија и на Албанија не им се даде датум за преговори за членство, а на Босна и Херцеговина позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок во регионот ќе има разочарување. Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел, сега останува на Европскиот совет да го направи својот дел. Да им го даде на нашите граѓани заслужениот датум за отпочнување на пристапните преговори. Секое дополнително одложување на преговорите, ќе ја наруши кредибилноста на ЕУ, ќе ги демотивира гражаните, ќе го забави реформскиот процес и негативно ќе влијае на стабилноста на целиот регион, рече претседателот Пендаровски.
Минатата недела, укажа, Северна Македонија го доби најдобриот и најпозитнивниот извештај од ЕК за напредокот и интеграциите.
– Добивме чиста и безусловна препорака за отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. За да стигнеме до тука не беше ниту малку лесно. За многу кратко време успеавме да решиме децениски прашања. Северна Македонија е единствената држава во регионот што веќе нема отворени прашања со своите соседи, туку само отворени перспективи, посочи Пендаровски.
Истакна оти има уште многу да се сработи и оти се преземаат активности да се постигне суштински и демократски напредок за граѓаните.
– Подготвени сме да ги започнеме преговорите за влез во ЕУ. Членството во ЕУ и во НАТО е нашиот највисок стратешки приоритет. Изразив надеж дека и ЕУ ќе го следи примерот на НАТО и ќе даде датум за почеток на преговорите.Преговорите за членство ќе бидат кохензивен фактор во нашето мултиетничко општество. Датум ќе ги мотивира институциите во државата одговорно да ги спроведуваат суштинските реформи, неоходни за инклузивна, стабилна и функционална демократија. Да не заборавиме дека интеграција во ЕУ е единствениот заеднички содржател на сите земји во Западен Балкан, оцени претседателот.
На конференцијата на Подгоричкиот клуб Пендаровски порача дека регионалната соработка е клучна за развој на нашите држави и овозможува поврзување на сите нивоа.
– Верувам дека Подгоричкиот клуб, како совет на искусни лидери, ќе му помогне и овој пат и вие веќе тоа го правите со вашата амбициозна визија за Западен Балкан „Визија 2030“, визија што е растоварена од минатото и историјата и е целосно фокусирана на сегашноста и иднината, порача Пендаровски.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили