Пендаровски: Очекуваме поддршка од Франција за одредување датум за преговори
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.
На средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и информации за актуелните состојби во двете држави, и за случувањата во регионот.
Претседателот Пендаровски, соопшти денеска неговиот кабинет, изразил задоволство од развојот на соработката меѓу двете држави, што се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба. Пендаровски истакнал дека Република Северна Македонија во Француската Република гледа искрен пријател и сојузник во остварувањето на стратешките цели.
По вчерашното објавување на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година, претседателот Пендаровски изразил очекување дека Европскиот совет, согласно препораката на Европската Комисија, ќе донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство.
– За остварување на следниот чекор, одредување датум за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ ја очекуваме поддршката и од Француската Република, нагласил претседателот Пендаровски на средбата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација