Македонија
28. јуни 2018 - 16:59

Пендаровски очекува потврда за покана за Македонија во НАТО

Заев утре од Столтенберг и официјално ќе ја добие најавата дека на самитот на НАТО на 11 јули Македонија ќе ја добие поканата за членство во Алијансата. Со тоа ќе влеземе во завршната етапа за полноправно членство, а до година на 20 годишнината од поденсувањето на кандидатурата, очекуваме најспосле и да станеме членка на НАТО.

Ова го соопшти националниот координатор за НАТО членство Стево Пендаровски на вториот ден од Рос-Рот семинарот во парламентот во рганизација со генералното собрание на Алијансата за интеграцијата на западен Балкан во НАТО.

Пендаровски смета дека оваа година Македонија успеала да заврши три стратешки предуслови за брзо членство во НАТО: договорот за добрососедство со Бугарија, законот за јазици за заокружување на Охридскиот рамковен договор и финалниот договор со Грција за името.

Заменик министерот за одбрана Беким Максути смета дека членството на Македонија во Алијансата ќе помогне и во евроинтеграциите.

Хрватската амбасадорка во Земјава која е и контакт амбсадор на НАТО во Македонија, пак, како помош го понуди хрватското искуство.

Рос Рот семинарот продлжува и утре со две теми: дезинформациите и лажните информации во креирањето на јавното мислење и меѓуетничките односи во западен Балкан.

Катерина Нешкова за Сител Телевизија.