Македонија
18. December 2019 - 13:03

Пендаровски: Ниту една држава не се распаднала затоа што им дала премногу права на своите граѓани

Во годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците во Собранието тој се осврна и на заклучоците на Венецијанската комисија..

- Венецијанската комисија не вели дека Законот е спротивен на нашиот Устав, исто како што и не вели дека на Албанците им се дадени премногу права, напротив не истакнува како примерна држава која оди и подалеку од инаку високите европски стандарди во оваа област.

Меѓутоа врвните правни експерти со право забележуваат дека нашата држава во овој момент не поседува капацитет и ресурси да ги имплементира тие стандарди во судските постапки. Со други зборови какво фајде од Законот ако неговите одредби останат само на хартија, односно да бидам појасен околу мојот личен став, пред две години како тогаш како пратеник  во Комисијата за европски прашања аргументирав дека ниту една држава не се распаднала затоа што на своите граѓани им дала премногу права во областа на јазикот. Законот за јазици сигурно нема потенцијал да ја дестабилизира државата меѓутоа ако велиме дека законите ги носиме за граѓаните чесно е да ги направите сите неопходни корекции за тие навистина да заживеат, рече Пендаровски во неговото обраќање.