Македонија
18. July 2019 - 16:11

Пендаровски немал правен основ да ги поништи указите на Иванов за унапредување на старешините

Претседателот Стево Пендаровски со укази разрешил пет од шестмината старешини кои неговиот претходник Ѓорѓе Иванов ги унапреди на нови позиции во Армијата непосредно пред неговото заминување. Истовремено, Пендаровски донел и три нови укази кои се однесуваат на тројца од овие старешини.

Така, генералот Орце Јордев, е разрешен и повторно именуван за заменик командант во оперативната команда на Генралштабот во Армијата. Полковниот Маријо Јуришиќ е разрешен и повторно именуван за воено аташе во Франција. Полковникот Бесник Емини е разрешен и порераспределен на друга позиција во Армијата.

Пендаровски ги разрешил и полковникот Мирче Ѓорѓиоски од воен преставник во НАТО и Драган Ковачки, но за нив дополнително ќе се бара место во Армијата, коментирата извори од Кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски се решил на вкаво нешто бидејки од Кабиентот го советувале дека нема правен основ да ги поништи указите на Иванов и покрај тоа што Антикорупцисиката комисија утврди дека тие се донесени споротивно на Изборниот законик, по распишувањето на претседателските избори.

За да има поништување потребно било Антокорупциска да утврди судир на интереси или корупција при именувањата, а таа утврдила само дека има основа за прекршочни пријави против Иванов. Сепак, кабиентот се решил да ја исправи неправдата преку нов укази за разрешување и именување.

За шестиот указ на Иванов кој се однесува на генерал мајорот Васко Ѓурчиновски, Пендаровски не донел указ бидејки Ѓурчиновски од Иванов добил унапредување во чин, а за чин не можел да биде симнат без поведување на постапка против самиот старешина.  За Ѓурчиновски нема осннов за такво нешто, објаснуваат од кабинетот на претседателот.

Иванов ги потпиша указите на 25 февруари, иако изборите беа распишани на 8-ми. Указите беа поштипиашни и објавени во Службен весник како претседател на Република Макеоднија иако во сила веќе беа уставните измени за промена на името.