Македонија
8. March 2019 - 13:22

Пендаровски: Не смеевме да имаме етнички наслови на институциите

Во синоќешното гостување во дебатниот магазин “Клик Плус“ на Телевизија 21, запрашан за тоа кој е неговиот став за последната одлука на Владата за промена на имињата на институциите, Стево Пендаровски истакна.

-Не смеевме да имаме етнички наслови на институциите. Македонска телевизија, јас го кажувам илјада пати тој пример. Македонска Армија беше првиот нацрт на законот за одбрана. Стоеше Македонска Армија. Целокупната група на ПДП, во тоа време 23 пратеници Албанци напуштија и рекоа ние нема да се вратиме назад во институциите. Во тоа време уште имавме армија од регрути, не професионалци, велат нема да имате ниту еден регрут Албанец, бидејќи тие со овој назив, го толкуваат тоа дека е тоа армија само на Македонци. Или имате МАНУ, ќе видиме новиот назив како ќе биде, меѓутоа Македонска академија подразбира дека таму нема академици Албанци.