Македонија
13. December 2019 - 16:54

Пендаровски: Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати

Над 90 проценти од предложените амбасадори се дипломати од кариера, тврди претседателот Пендаровски. Листата со имињата се уште не му е формално доставена, но начално тој е задоволен од тоа што изборот е направен според принципот на професионалност.

Пендаровски потсетува дека сите процедури за испраќање на новите амабсдадори  мора да завршат брзо бидејки се ближат изборите.

Тука има една временска одредница, која јас ја имав спомнав и порано, а сакам и сега да ја посочам. Се ближат избори, на 3 јануари доаѓа техничката влада, а многу битен датум е датумот на распуштање на Собранието и мислам дека тоа ќе биде околу 11, 12 февруари. По тој датум не можете ниту да вработите, ниту да унапредите кој било службеник во државната администрација, а не пак да праќате амбасадори, рече шефот на државата.

Се работи за листа од 19 дипломати. Во јавноста веќе циркулираат имињата на Рами Реџепи за амбасдорското место во Рим, Васко Грков - Белград, Сашко Тодоровски - Стразбур, Лидија Бошковска во Атина.

Мишо Докмановиќ ќе биде испратен во Тел Авив, Шпреса Јусуфи во Приштина,  Данчо Марковски - Тирана, Милаим Фетаи  патува за Загреб, Шабан Јашари за Катар. За Женева се споменуваат имињата на Теута Демјаха и Андреј Жерновски. Во Копенхаген треба да оди Фатон Бејта, а за Хаг ќе замине Бети Јанчева од МНР. 

.