Македонија
17. September 2019 - 9:11

Пендаровски на средба со Советот на странски инвеститори

Советот на странски инвеститори денеска ќе има средба со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Од Стопанската комора на Македонија информираат дека средбата е во насока на имплементација на добрата практика за унапредување на јавно-приватниот дијалог помеѓу највисоките носители на власта и странските инвеститори во земјава и овозможување заедничка дискусија во однос на можностите за создавање стабилно и предвидливо деловно опкружување.