Македонија
19. October 2020 - 12:22

Пендаровски: Македонскиот јазик се уште цел на негација

И покрај тоа што поминаа 75 години од неговото официјализирање, македонскиот јазик за жал се уште е негиран. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето по повод манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Негацијата не доаѓа од светската лингвистичка заедница, туку од политичките кругови во нашето опкружување, вели Пендаровски, дополнувајќи дека сепак науката и вистината се на наша страна. По повод јубилејот 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис, Пендаровски упати апел за вложување на повеќе средства во научно истражувачкте проекти и покрај кратењето на средствата поради пандемијата од Ковид 19.

 

Горан Симоновски