Македонија
5. May 2019 - 22:44

Пендаровски: Ќе бидам претседател на државата од кој нема да се срамите

Ќе бидам претседател на сите, ќе бидам поддршка на Владата за сите важни проекти и ќе и забележувам и ќе сугерирам, ќе бидам сојузник во интересите на граѓаните, ќе бидам пртеседател на државата од кој нема да се срамите, порача вечерва претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски по објавувањето на резултатите од вториот круг на претседателските избори на кои тој води со над 55.000 гласови повеќе од противкандидатот.

-На овие избори одлучивте да продолжиме заедно напред.  Денеска беше нашата достоинствена Македонија, нашиот мудар народ, ова е победа на мнозинството граѓани на Република на Северна Македонија кои независно од  етничка или политичка припадност се обединија и рече продолжуваме напред и никогаш повеќе режим. Денес победија граѓаните и свечено сакам да објавам дека ќе служам посветено на сите, истакна Пендаровски.

Исходот на овие избори, рече, е загарантиран патот напред, напред за сите како држава и напред кон ЕУ и НАТО и еконмски развиениот свет каде што припаѓаме.

-Исходот од претседателските избори во нашата земја е поголем успех затоа што овие избори се победа на обединувањето и заедништвото. Се придружувам на водството во оваа држава за евроатланска Република Северна Македонија. Ќе се залагам за правна држава и ќе стојам зад секој чесен граѓанин, ќе обединувам нема да делам. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи, порача Пендаровски.

Тој се заблагодари на премиерот Зоран Заев и целата влада како на 31 политичка партија кои, како што рече, сите заедно стојат зад овој концепт. Посебна благодарност упати кон Гордана Сиљановска и Блерим Река за учеството и придонесот на демократските избори.