Пендаровски ја повлече Армијата од државната граница
Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, се вели во соопштение од Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски.
Од таму информираат дека Пендаровски како врховен командант му наредил на Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да постапи согласно новонастанатата ситуација.
„Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од Ковид-19“, стои во соопштението во кое се додава дека војската ќе биде вратена на јужната и северната граница доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација