Македонија
3. February 2023 - 16:39

Пендаровски и неговиот кабинет останаа без плата

Претседателот Пендаровски и неговиот кабинет останаа без плата. Побарале обајснување од финансии зошто платата , која ја добиваат на 1 секој месец им доцни -  образложението кое го добиле – го сметаат за неосновано. Согласно Колективниот договор, вработените државни службеници  од овој месец  требало да добијат зголемување од 5%. Станува збор за 55 лица, каде не влегува претседателот, 3 цата именувани лица  и 5 советници,  кое не се опфатени со Колективниот договор, односно за нив не е предвидено зголемување.

- Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано, пишува во соопштението првиот човек на државата.

Пари за зголемување на оваа  институција  обезбедени се преку сопстевни заштеди, од самата инстиитуција,  не се побарани дополнителни средства од буџетот,  се наведува во ставот на претседателот.

Зошто нема плата за првиот човек на државата и неговите службеници, нема одговор од министесртво за финансии. Но утринава министерот Бесими изјави дека со зголемување на минималната плата – сите плати на државните службеници ќе се зголемат

Нема ни повисоки плати за вработените во финансии. Откако министерот им вети, па ја поништи одлуката за 30%  зголемување. Премиерот Ковачевски во  одбрана на Бесими – како човек со интегритет, сакал се да биде законски, затоа одлуката за зголемување ја повекол

Пред два дена вработените во финансии излегоа на протсет   - незадоволни што не го добија ветеното покачување. Но Бесими вели – немало протест – биле на редовна пауза, а тоа што го ветил – ќе го исполни, штом ќе се утврди реалната основа.