-->
-->
Пендаровски: И граѓаните од земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од ЕУ
-->
Европската Унија не смее да ги изостави земјите од Западен Балкан, бидејќи и граѓаните на тие држави заслужуваат подобри услови и поголем животен стандард, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на панелот „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“ во рамки на конференцијата „Балкански дијалози“, што се одржува во германскиот главен град Берлин.
– Би сакал да потсетам дека од шест земји во регионот, Црна Гора и Србија веќе со години, односно предолго, преговараат, две земји, односно Македонија и Албанија, со години наназад чекаат да добијат датум за почеток на преговорите, а останатите две, Босна и Херцеговина и Косово, воопшто никој не ги споменува, нагласи претседателот Пендаровски.
Според него, поради овие причини граѓаните на земјите од регионот полека почнуваат да губат надеж дека ќе ги почувствуваме бенефитите и вредностите од членството во Унијата.
– Тие се сомневаат дека регионот на Западен Балкан ќе биде во иста ситуација како што е Турција, додаде Пендаровски.
Како што соопшти неговиот Кабинет, Пендаровски во обраќањето го повтори ставот дека Република Македонија не е против нова методологија за проширувањето на Европската Унија, ниту пак е против реверзибилност на процесот ако одредена земја значително назадува во текот на преговорите со Унијата.
Пендаровски нагласи дека Европската Унија не и е потребна на нашата земја само поради пристапот кон заедничкиот пазар, туку пред се заради политичките и демократски вредности кои ги има и кои се практикуваат во земјите членки на ЕУ.
– Истите вредности, за жал, се уште не се на задоволително ниво, ниту во Македонија, ниту пак во останатите земји од регионот на Западен Балкан, заклучи Пендаровски.
Во однос на разговорите меѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски истакна дека очекува ова прашање да биде затворено со „активно инволвирање на нашите западни пријатели, односно САД и ЕУ“, се наведува во соопштнието.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација