Пендаровски и европратениците Чолош и Ќучук разговараа за очекувањата за евроинтеграциите и изборите
Претседателот Стево Пендаровски на средба со пратениците во Европскиот Парламент, Дачиан Чолош, претседател на парламентарната група „Renew Europe“ и Илхан Ќучук, известител за Македонија и член на оваа парламентарна група, го реафирмирал очекувањето на нашата држава во текот на март Европската унија да ја усвои новата методологија за водење пристапни преговори, со што би се создала можност за отворање на пристапните преговори за членство на Македонија во текот на хрватското претседателство со Унијата.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата со Чолош и Ќучук се разменети мислења за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија, како и за актуелните случувања во државава, во пресрет на предвремените парламентарни избори.
– Пендаровски ја истакна важноста на принципиелната поддршка од Европскиот парламент за процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и одржувањето на прашањето на агендата. Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето на државата дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена во текот на март, со што би се отворила можноста за отворање на пристапните преговори за членство во текот на хрватското претседателство со Унијата, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори