Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски смета дека Грција нема да го прекрши договорот за спорот со името и оти ќе се придржува до него.
Договорот, како што рече Пендаровски во интервјуто за ТВ Канал 5, води сметка и за нивните национални интереси, но напомена дека спорот од самиот почеток бил асиметричен и оти се барало промена на нашето име.
Пендаровски нагласи дека нашата историја не не учела дека во Грција има луѓе кои себеси се сметаат за Македонци, а не се оние кои го зборуваат македонскиот јазик.
- Нашата историја не не учеше дека во Грција има Македонци, различни од оние кои го зборуваат македонскиот јазик. Мора да го почитуваме тоа ако некој се смета себеси за Македонец. Оваа држава е мултиетничка. Државните институции во една ваква Македонија не може да бидат етницирани, рече Пендаровски.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот