Македонија
2. August 2019 - 18:10

Пендаровски: Граѓанско помирување втемелено врз правда и одговорност

Граѓанско помирување, втемелено врз правда и одговорност е пораката со која претседателот на државата Стево Пендаровски, за прв пат им го честиташе Илинден на сите Македонци по доаќањето на функција. Тој воведе друга пракса- се обрати ос својата резиденција на Водно, наместо пред споменикот на Ченто. На церемонијата присуствуваа членовите на Сојузот на борци, претставници на инситуции и политички партии.

Активностите на Пендаровски започнаа со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци на НОБ, а потоа  со поклонување им одаде почит на   двајца претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров како и на генералот Михајло Апостолски на нивните вечни почивалишта. Паралелно, Делегација од неговиот кабинет положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, споменикот на Никола Карев и споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштад.