Македонија
12. February 2020 - 16:33

Пендаровски го потпиша Указот за ратификацијата на Протоколот за НАТО

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на НАТО договорот.

На чинот присуствуваа студентите на политичките студии на Правниот факултет.

Сега останува Протоколот за НАТО да биде ратифукуван и во шпанскиот парламент, со што ќе се заокружи процесот на ратификација во сите земји членки на Алијансата.

Министерката за одбрана се надева дека тоа ќе се случи  во  првата половина на следниот месец. Комисијата за надворешни работи во шпанскиот конгрес вчера ја ја прифати иницијативата  за отпочнување на ургентна постапка за ратификација на  протоколот.  Шекеринска очекува во наредните денови и ние да си ги завршиме обврските со усвојување на законот законот за одбрана, за кој е потребно дветретинско мнозинство. 

Според неа не постои  причина ВМРО-ДПМНЕ да го опструира законот откако веке го поддржале Законот за служба во армијата, кој во првиот член предвидува промена на името на Армијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се свесни за реалноста, но ќе гласаат за Законот само доколку се тргне новото име. 

Вчера собранието го ратификуваше договорот за НАТО, кој ќе биде депониран во Вашингтон откако  Шпанија ќе го ратификува документот.