Македонија
18. July 2019 - 14:15

Пендаровски ги разреши спорните старешини на Иванов

Претседателот Стево Пендаровски ги разрешил со указ пет од 6 старешини кои неговиот претходник Ѓорге Иванов ги постави по распишување на претседателските избори на 8 февруари.

Истовремено донел и три нови укази, со кои на исто место поставил двајца од старешините, а еден го поставил на друга позиција во Армијата. За останатите двајца дополнително се бара место, откриваат извори од кабинетот на Пендаровски. 

Претседателот се решил на вакво нешто откако правните советници кај него утврдиле дека нема основ за поништување на указите на Иванов иако Антикорупциска утврди дека е прекршен Изборниот законик.

Иванов според Антикорупциска доби две прекршочни пријави за овие укази. 

 
Катерина Нешкова