Пендаровски ги покани на заедничка прослава во Крушево Заев, Џафери и лидерите на сите парламентарни партии
Претседателот Стево Пендаровски ги поканил претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и сите лидери на политички партии застапени во Парламентот заеднички да го прослават Илинден – Денот на Републиката во Крушево.
На денешниот брифинг со новинарите шефот на државата истакна дека според него она што досега се случувало во Крушево е повеќе разединување отколку обединување, следејќи ја целата досегашната пракса на прослава на националниот празник. Поради тоа тој го менува досегашниот начин на прослава и најави дека дента нема да држи говор на Мечкин Камен, а наместо тоа вечерта во 18 часот ги поканил сите парламентарни партии и лидери да учествуваат на заедничка прослава.
Прославата ќе биде во 18 часот за да им се овозможи на поканетите да пристигнат од другите места во земјата, каде претходно тие треба да го одбележат празникот. Досега му потврдиле дека ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Поканете се и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, на Левица, Димитар Апасиев, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, односно лидерите на сите парламентарни партии.
Според програмата за одбележување на Илинден во Крушево, актерот Никола Ристановски ќе го исчита Манифестот, предвиден е настап на „Танец“ и ќе имаат настап и Албанскиот ансамбл за ора и танци, Влатко Стефановски и Воениот оркестрар. На Мечкин Камен претседателот и гостите ќе влезат со почесниот батајлон на АРМ, каде ќе биде положено цвеќе. Пендаровски ќе има двеминутно видео обраќање.
Замислата е дека со овој начин на прослава ќе се постигне поголема сплотеност и ќе овозможи вистинско честување на Илинден како симбол на обединување.
Според досега востановената пракса шефот на државата, на Владата и спикерот на Парламентот се ротираа, секоја година на Крушево, Пелинце и во Скопје. Годинава Пендаровски треба да биде на одбележувањето на празникот во Крушево, Џафери во Скопје, а Заев во Пелинце.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци