Македонија
22. November 2021 - 19:42

Пендаровски: Ги поддржувам предлог-мерките за вакцинација на администрацијата и здравствениот персонал

Во гостувањето во Темата на денот во Дневникот на Сител, претсетаделот Стево Пендаровски кажа дека ја оправдува одлуката на здравствените власти за предлог-мерките за вакцинација на администрацијата и здравствениот персонал.

-Ја поддржувам затоа што сите земји во регионот имаат слични мерки, како и многу западни земји. Ги гледам реакциите во јавноста, но гледам од правен аспект дека ова е законски. Постои како приоритет во Уставот, дека јавното здравје е над се и поголемо од приватното добро. Сметам дека само вака ќе ја победиме пандемијата, рече Пендаровски во гостувањето на дневникот на ТВ Сител и информира дека сите членови на неговиот Кабинет се вакцинирани, кажа претседателот Пендаровски.