Македонија
24. August 2019 - 16:54

Пендаровски: Европската иднина зависи од владеењето на правото и борбата против корупцијата

Перспективите на евро-атлантските интеграции продолжуваат да бидат клучен фактор за стабилноста и развојот на демократијата во регионот на Западен Балкан и денес.

Шансите за европска иднина ги има и помагаат на демократските сили во сите регионални земји и влијаат на нивниот општ напредок , меѓутоа многу зависи од нас и од нашите резултати како земја во однос на реформите, владеењето на правото и борбата против корупцијата истакна претседателот Стево Пендаровски на отворањето на дводневниот Безбедносен форум на поранешни студенти/алумни на Маршал Центарот.

Странските дипломати посочуваат дека државата треба да ги исполни сите реформи кои го кочат влезот во евроатланските интеграции.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека напредокот на Балканот во последната деценија е значаен и очигледен, но недостатоците во рамките на безбедноста и стабилноста во регионот остануваат проблематични.