Македонија
6. May 2019 - 16:21

Пендаровски е новиот претседател, на изборите победија пораките на граѓаните

Стево Пендаровски е новиот претседател. Кандидатот на владината коалиција вчера победи на претседателските избори и стана петтиот шеф на државата од нејзиното осамостојување. Ветува дека ќе биде претседател на сите граѓани, но и дека ќе биде поддршка на владините политики на Зоран Заев.

Бројот на освоените 436 илјади гласови и структурата на гласачи највува дека уште од денеска избор на Пендаровски ќе значи и промени на политичката сцена и во владејачкиот и во опозицискиот блок. 

Премиерот и лидер на СДСМ  Заев вели дека следат анализа на бројките.

Иако резултатите во штабот на ВМРО-ДПМНЕ се чекаа во помалку еуфорична атмосфера од првиот круг, и Сиљановска Давкова и лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски велат дека со речиси 380 илјади ВМРО-ДПМНЕ станува најмоќната политичка партија. За нив, власта победи, но опозицијата не изгуби.

Пораката на лидерот денеска ја повтори и шефот на изборниот штаб на партијата.

Какви активности ќе презема опозциската партија против актуелната власт засега не се открива, но јасно е дека прв чекор ќе бидат приговори до Државната изборна комисија и кривични пријави за како што велат, организирано гласање, групно гласање, притисоци, закани и поткуп од страна на власта на вчерашниот изборен ден.