Македонија
22. January 2021 - 13:05

Пендаровски – Џанг Ѕуо: Успешни односи, традиционално пријателство и прагматична соработка

Претседателот Стево Пендаровски и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо на денешната средба го реафирмирале ставот дека билатералните односи меѓу двете земји се успешни, базирани врз традиционално пријателство и прагматична соработка во сите сфери од взаемен интерес.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор разменија информации и мислења за развој на соработката во областа на економијата и притоа беше нагласена соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, чија рамка дава можности за нејзино продлабочување.

На средбата се разменија мислења за моменталните состојби, како во нашата земја, така и во Кина, за справување со пандемијата на Ковид-19, како и за процесот на вакцинација.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека традиционалното пријателство меѓу двете држави е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Македонија, се посочува во соопштението од средбата.