Пендаровски-Џафери: Претседателот и Собранието ќе соработуваат за реформската агенда
Шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери на денешната средба го посочиле значењето на Парламентот во реализацијата на реформската агенда и на парламентарната димензија во остварувањето на интересите на државава на меѓународен план.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, Џафери му честитал на Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посакал успешна работа во следните пет години.
Пендаровски и Џафери размениле мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија. Двајцата соговорници ја истакнале важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Република Северна Македонија – одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.
На средбата, двајцата соговорници договориле натамошна поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните и во интерес на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица