Македонија
21. јуни 2020 - 16:47

Пендаровски: Дел од Владата одговорна но и верските заедници за вториот бран Ковид-19

Претседателот Пендаровски смета дека вториот бран на корона вирусот кој букна по верските празници можеше да се избегне доколку целата влада сложно застанeше зад мерките и прописите, без исклучок и гледање низ прсти на верските заедници. Голема вина имаат и верските лидери на ИВЗ и МПЦ  кои неодговорно ги ставија во опасност верниците и граѓаните.

-Јас го реков тоа и на првата моја прес-конференција по повод првата вонредна состојба, ако е можно Саудиска Арабија со клуч да ги затвори џамиите, ако е возможно папата само, комплетно сам, да држи миса, не гледам причина нашите цркви и џамии да бидат делумно отворени. И ние во тие две најголеми верски деноминации селективно да ги применуваме прописите, или работат или не работат.

Шефот на државата во интервјуто за Слободна Европа се осврна и на актуелната политичка ситуација во земјава и евроинтегративниот процес. Пендаровски посочува дека на државата и е потребна политичка влада, без тензии, која  ке се справува не само со внатрешните туку и регионални предизвици како што во моментов е прашањето на Косово, при што во игра е можно прекројување на границите.

-Јас не велам дека промената на границите не може да биде решение на косовскиот проблем. Она што јас морам да го кажам, бидејќи ми е обврска како претседател на оваа земја, е дека промената на границите не смее да доведе до домино-ефект во регионот и не смее да чепка, да задира во нашите граници, и притоа бараме јасни меѓународни гаранции ако воопшто такво решение биде на маса и ако биде прифатено и во Белград и во Приштина.

Пендаровски не очекува дека Македонија ке биде блокирана од Бугарија во евроинтегративниот процес. Тој се надева дека Софија ќе извлече поука од Преспанскиот догвор ,со кој Атина покажа дека е клучен играч во регионот.