Македонија
12. November 2020 - 21:24

Пендаровски: Браво момци, се гордееме со вас! Одиме на Европско!

Претседателот Стево Пендаровски вечерва и честиташе на македонската фудбалска репрезентација за победата во мечот со Грузија, со која се пласираше на Европското првенство.

-Историски успех на македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас! Одиме на Европско!, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, „црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.