Македонија
25. November 2019 - 19:18

Пендаровски бара од партиите да му се извинат на народот што го принудиле на иселување

По реакциите во јавноста претседателот Пендаровски ја дообјасни неговата изјава дадена во Нови САД , дека и тој би си заминал  ако не бил претседател. Се согласи дека во излагањето требало  да биде поблаг , но посочи дека е во контекс на  изгубените евроинтеграции и  доколку и тој би бил млад  би си заминал од тука  за да не го троши  животот во чекање.  Рече дека и оние кои се и  кои биле на валаст треба да се извинат затоа што не направиле  доволно за иселувањето.

Смета  дека младите не заминуваат од тука  само поради економија туку и заради партизираното општетсво. За да се минимизираат штетите рече дека се неопхдни серизони реформи во повеќе области.

Реагираа и од  ВМРО ДПМНЕ.  Од партијата  велат дека изјавата на Пендаровски е потврда за суровата реалност во која живееме денес.

Пред два дена претседателот Пендаровски на регионален младински форум во Нови Сад,  посочи дека белата чума нема да запре ниту во следните години.