Пелоси: На Трамп нема да му биде дозволено да одржи говор во Конгресот
Претседавачката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси денеска го информира американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да му биде дозволено да одржи говор пред Претставничкиот дом додека не заврши делумната блокада на работата на Владата.
Во писмото испратено до Трамп, Пелоси наведува дека Претставничкиот дом нема да ја разгледа резолуцијата со која на Претседателот би му било дозволено да го одржи традиционалниот говор се додека Владата не биде одблокирана.
Американскиот претседател денеска упати писмо до претседавачката на Претставничкиот дом во кое порачува дека би сакал традиционалното годишно претседателско обраќање пред Конгресот, познато како „За состојбата на Унијата“, да го одржи на 29 јануари.
– Би било тажно кога говорот за состојбата на Унијата не би се одржал на време и што е уште поважно – на вистинското место, наведува Трамп во писмото до Пелоси, чија содржина ја објави Белата куќа.
Пелоси претходно го замоли Трамп да разгледа можност за одлагање на своето годишно обраќање пред Конгресот, со образложение дека постојат „потенцијални безбедносни проблеми“, поради делумната блокада на федералната администрација.
Согласно Уставот на САД, претседателот е должен еднаш годишно пред Конгресот да поднесе извештај „за состојбата на Унијата“.
Ново на Сител
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје