Македонија
15. јуни 2021 - 14:27

Пелони: Сакаме добри односи со соседната земја

 Ние сакаме добри односи со соседната земја, порача портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, но и упати повик до нашата земја целосно да го имплементира Договорот од Преспа и да избегнува активности кои би можеле да ги отежнат билатералните односи, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање во врска со фудбалската репрезентација а и дали Грција би презела некои дополнителни чекори, Пелони рече дека веќе „беа направени сите неопходни активности“, споменувајќи го писмото од Дендиас до Османи.

-Грција повикува на целосно и со добра волја имплементирање на Договорот од Преспа, а и во главно избегнување на активности кои би можеле да ги отежнат билатералните односи. Ние сакаме добри односи со соседната земја и ја поддржуваме европската перспектива на земјите од Западен Балкан, рече Пелони.