Loading Video...
Ракомет
19. October 2021 - 17:32

Пелистерци против францускиот Ним во меч од 1.коло на Европската Лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ќе имаат настап на меѓународната сцена, односно ЕХФ Европската лига. Во рамките од првото коло на Д лигата вечерва во Битола гостува францускиот претставник Ним. 
 
Стратегот на битолските „фармацефти“ Жељко Бабиќ очекува тежок меч исполнет со голема борба, но и мотив за докаќување на неговите избраници пред се поради фактот дека пелистерци по подолг период вечерва ќе ја имаат подршката од својата публика. 
 
„Со сигурност францускиот ракомет оди во нагорна линија, имаат многу квалитетни играчи на сите нивоа.  Ним е класична француска екипа, цврста и многу брза. Нè чека тежок меч, во кој мораме да бидеме многу прецизни, тактички добри. -Навистина ќе ни значат фановите на трибините. Сите сме желни за емоциите, фановите и луѓето во салите, сепак спортот се игра за нив.  -Се радувам и се надевам дека сите заедно ќе се радуваме по добар наш натпревар“, изјави Бабиќ
 
Мечот меѓу Е. Пелистер и Ним започнува од 20:45 часот термин во кој ќе стартува и средбата Спортинг Лисабот и Кадетен Шафхаизен деодека дуелот во Атина меѓу АЕК и Татабања започнува од 18:45 часот. 
 
Потсетување дека прво пласираните четири екипши од од четирите глупи ќе се пласираат во нокаут фазата односно осминафиналето.