Loading Video...
Ракомет
15. February 2021 - 16:37

Пелистерци подготвени за ГОГ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер  утре ги очекува нов дуел во Европската Лига. 
 
 Несреќниот минимален пораз на гостувањето кај ГОГ во првиот меч од Европската лига, како и двата минатонеделни триумфи над Татабања се мотив повеќе за раскоматите на Еурофарм Пелистер да ја продолжат победничката серија. 
 
„По овие две победи мислам дека ќе ни биде многу полесно да го одиграме овој натпревар против ГОГ Гудме. Данците играат многу поразличен ракомет од Татабања. Од првиот натпревар во Данска одигравме многу повеќе натпревари, се запознавме подобро, имаме и некои нови играчи и верувам дека ќе биде поквалитетен дуел од првиот“, изјави босанскиот интернационалец Јосип Периќ.
 
Утрешниот меч меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ ќе започне во вечерниот термин од 20:45 часот.