Loading Video...
Фудбал
9. March 2018 - 13:56

Пелистер – А. Пандев и Шкендија – Ренова во 1/2.финалето на Купот на Македонија

Бранителот на трофејот од минатата година битолски Пелистер ќе игра против Академија Пандев во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, додека во втората пресметка за влез во финалето ќе се борат тетовските ривали Шкендија и Ренова. 
 
Ова е епилогот од денешната ждрепка на која беа извлечени полуфиналните двојки во националниот куп. 
 
Првите натпревара се закажани за 14 март, а улогата на домаќини ќе ја имаат Пелистер и Шкендија, додека реванш дуелите ќе се играат на 11 април.
 
Финалето на годинашното издание на фудбалскиот Куп на Македонија е закажано на 9 мај.