Loading Video...
Фудбал
23. May 2018 - 11:32

Пелистер и Шкендија во меч за трофејот во Купот на Македонија

Тетовската екипа посакува сезоната да ја заврши со двојна круна, а воедно и да му се реваншираат на Пелистер за минатогодишниот пораз во финалето во Купот, кога по подоброто изведување на пенали, битолскиот клуб го освои трофејот. 
 
„Мора сериозно да го сфатиме овој натпревар. Нашата цел се освојување на двете титули, и се надевам дека утре вечер ќе ја прославиме првата двојна титула во историјата на клубот", изјави капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани
 
„Овој тим на Пелистер е различен во однос на лани. Ама ќе се бориме, ќе дадеме максимум да се справиме со големиот фаворит. Шкендија ја има таа улога, но ние ќе се обидеме да парираме, и на крај ако се пружи шанса да ја искористиме и да направиме изненадување", истакна Благојче Маркоски, капитенот на Пелистер.
 
Шкендија за која ова ќе биде петто финале ќе атакува на вториот трофеј во националниот куп, додека Пелистер ќе се обиде по трет пат да го освои трофејот во својот исто така пети настап во финалето.
 
Финалниот меч на стадионот „Младост“ во Струмица ќе започне од 20 часот.