Loading Video...
Фудбал
11. April 2018 - 18:28

Пелистер и Шкендија повторно во финалето на Купот на Македонија

Екипите на Пелистер и Шкендија повторно ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. 
 
Ова е епилогот по денешните реванш полуфинални дуели одиграни во Тетово и Турново. 
 
Бранителот на титулата Пелистер место во финалето обезбеди по изведувањето на пеналите, откако регуларниот дел заврши 2-1 за Академија Пандев. 
 
Пелистерци поведоа со голот на Марковски во 62.минута, а домаќините израмнија преку Атанасов во 73-та, додека во последната минута Марио Крстовски се избори за пенали. 
 
Но, во пенал рулетот, фудбалерите на двата тима шутираа лошо, односно голманот на пелистерци Петровски одбрани дури пет удари на домаќините па на крајот Пелистер со 3-2 ја реши пенал серијата во своја полза.  
 
По нерешените 1-1 во првиот дуел од тетовското дерби, денеска Шкендија со 2-0 ја совлада Ренова, а стрелец на двата гола беше Бесарт Ибраими во 48-минута од слободен удар и 52-та од пенал. 
 
Натпреварот за трофејот во Купот на Македонија, односно финалето Пелистер и Шкендија ќе го играат на 9 мај. 
 
Потсетување дека лани Пелистер стигна до трофејот откако на пенали беше подобар од Шкендија.