Спорт плус
3. April 2019 - 18:54

Пеле примен во болница

Кралот на фудбалот, Пеле беше итно хоспитализиран, но нема опасност по неговиот живот, објавија светските медиуми.

Седумдесет и осум годишниот Бразилец се состана вчера со Килијан Мбапе на настан во Париз и се почувствувал лошо во вечерните часови во својата хотелска соба.

Според француските медиуми, тој бил примен во болница поради „тешка треска“ и бил „превентивно“ однесен во болница, вели „РМЦ Спорт“. Вчерашниот настан во Париз беше предвиден за минатата есен, но тогаш беше одложен поради здравствената состојба на легендарниот фудбалер.