Фудбал
14. April 2019 - 10:07

Пеле повторно во болница

Легендарниот Пеле е повторно хоспитализиран и подложен на нова операција. Во клиника во Сао Паоло, кралот на фудбалот бил подложен на отстранување на камен од бубрезите.

– Утрово беше направена операција за отстранување на камен од бубрезите на Пеле. Постапката помина успешно, а пациентот е сместен во неговата соба на клиниката, соопштија оттаму.

Пеле ќе остане под медицински надзор уште некое време. Засега, неговата состојба е дефинирана како добра.

Како што е познато, 78-годишниот Бразилец неодамна имаше здравствени проблеми додека го посети Париз, каде што исто така беше хоспитализиран.