-->
-->
Пелагонија АД Гостивар започна со изградба на нов здравствен центар
-->
Во Гостивар денеска беше поставен камен темелник на објект во кој ќе биде сместен нов приватен здравствен центар.
Објектот по изградбата треба да има површина од 4600 м2 на седум ката, и во него, како што е планирано, треба да се сместат специјалистички ординации, амбуланти, лаборатории и деловни простории, како и сопствен паркинг.
На официјалниот почеток на изградбата, генералниот директор на Пелагонија АД Гостивар, Александар Смилковски, нагласи дека станува збор за инвестиција која е од големо значење за Гостивар.
- Развојот на Гостивар е особено важен за нас, така и за граѓаните. Токму за таа цел одлучивме да инвестираме во здравствен центар која ќе биде една од технолошки најсофистицираните кај нас, рече Смилковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство